Профили - Економски Техничар

Профили

Вештини за современо деловно работење.

Економски техничар

Целта на програмата е обука на учениците во самоуверени, динамични и луѓе со претприемачки дух кои брзо ќе се адаптираат на промените во новите услови на работа и професионална мобилност на пазарот на трудот. Тие можат да планираат и да ја градат својата кариера во следниве области:

• Сметководител
Сметководителот планира, организира и извршува активности од сметководственото работење што се состојат од изготвување, прием и ликвидација на влезни и излезни документи, евиденција на средства, извори, приходи, расходи и трошоци врз основа на документи во деловни книги, врши калкулативни пресметки, пресметки на плати и јавни давачки, изработка на финансиски извештаи и годишна сметка, изработка на сметководствени планови и доставување на информации до екстерните и интерните корисници на сметководствени информации. Сметководственото работење сметководителот го извршува согласно важечката законска регулатива.
• Финансиски референт
Финансискиот референт планира, организира и извршува активности од финансиското работење кое се состои од изработка на финансиски планови,изработка на финансиска документација, следење на финансиски обврски и побарувања, извршување работи од внатрешен и надворешен платен промет,благајничко работење, пресметка на плати и надоместоци, пресметка на даноци, придонеси и други јавни давачки, пресметка на приходи, расходи и финансиски резултат, изработка на калкулации, финансиски прегледи и финансиски извештаи, спроведување на финансиска анализа и контрола и подготовка и проследување на финансиски информации за донесување квалитетни финансиски одлуки во функција на одржување на ликвидноста и финансиската стабилност на деловниот субјект.

Започнете сега