За нас

Директор

Директор м-р Васко Трајковски

Директор на ОСУ „Јовче Тесличков“

м-р Васко Трајковски

Со квалитетот во воспитно-образовната работа, ОСУ „Јовче Тесличков“ се вклопува во визијата на нашата држава за задоволување на европски образовни стандарди. Нашата мисија е да бидеме институција која поучува во позитивна насока и ги задоволува потребите на учениците за стекнување на општи и стручни компетенции со користење на различни методи и облици на работа, стилови на учење и поучување.

Нашата цел е подобрување на условите за теоретска и практична настава со користење на современа опрема и оптимално користење на наставна техника и технологија во функционален простор – кабинети, со што би обезбедиле услови за успех на секој ученик.

Исто така, се трудиме да имаме отворено комуницирање помеѓу сите субјекти, да ги мотивираме и активно вклучиме учениците, родителите и локалната заедница во активности на училиштето за заедничко решавање на проблемите.

Нудиме образовни курикулуми со различни вонучилишни, воннаставни, дополнителни и додатни активности, изборни предмети, како и други воспитно-образовни активности, програми и проекти во согласност со македонските образовни стандарди во стручното образование.

Со нив ги поттикнуваме учениците, активно ги вклучуваме во сите процеси на работа во училиштето и ги оспособуваме за понатамошна работа и образование. На тој начин сметаме дека уште поуспешно ќе делуваме на оспособување на младите луѓе и превентивно ќе делуваме на општествено неприфатливи облици на однесување.