Пост-објави

Новости и Активности

Погледнете најновите објави и информации за важни настани, програми и извештаи од училиштето.

ERASMUS+

Еден од меѓународните проекти во склоп на Erasmus + беше проектот “MОЌТА НА ПРЕТПРИЕМНИЧКОТО ОБРАЗОВАНИЕ – ИНСПИРАЦИЈА И ЧЕКОР ДО УСПЕХОТ”

Прочитај повеќе Учење преку работа

Маркетинг агенција

„Јовче Тесличков“ доби грант за проектот „Импулсен центар за претприемништво“ и реализираше мобилности во Холандија и Бугарија.

Прочитај Повеќе

Натпревари

На регионалниот натпревар по географија во Гимназијата „Кочо Рацин” Велес, Ана Тодорова, под менторство на проф. Методија Бузалковски, се пласираше на државниот натпревар.

Прочитај повеќе
  • 16.04.2025 - Админ

    Денес ни беа во посета учениците од 4 одделение од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес! Нашето училиште им ги отвори вратите за еден весел, разигран и едукативен ден! Тимот на Ученичката компанија "Playful Pages" беше домаќин со голема насмевка – затоа што инспирацијата почнува од најмали нозе! Заедно се дружевме, игравме, учевме, а тие имаа можност да видат како изгледаат документите за ученичка компанија, да ги пополнат и да се запознаат со нашата идеја. Особено сме горди што токму овие ученици се дел од нашата приказна – заедно снимивме видео материјали, а дел од сликовницата „Стари детски игри“ ја реализиравме токму со нивна помош и идеи. Продолжуваме да соработуваме, затоа што веруваме дека креативноста се гради преку заеднички моменти.

    Прочитај повеќе
  • 16.04.2025 - Админ

    📣 Денес нашите ученици од средното економско училиште имаа чест да бидат дел од еден посебен час по Иновации во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, каде што пред деветоодделенците ја претставија нашата струка економија, право и трговија. 🔹 Преку креативна презентација, интерактивни игри и отворен разговор, учениците им го доловија духот на учењето и животот во нашето училиште. 💬 Интересот кај деветоодделенците беше голем, а нивниот најчест коментар – „Дојдете повторно, сакаме да дознаеме уште повеќе!“ – ни покажа колку ваквите средби се значајни. 👏 Благодарност до нашите ученици Марија Н., Теа, Леонид, Лука, Марија П., Викторија и Филип што ја пренесоа енергијата и знаењето со толку ентузијазам!

    Прочитај повеќе
  • 14.04.2025 - Админ

    Денес,14.04.2025 год. нашите ученици ја посетија касарната ,,Алексо Демниевски – Бауман” – Велес. Присуствуваа на тактичко технички збор на кој беше презентирана опремата и вооружувањето на Армијата, а воедно и презентирани дел од активностите на единицата за обука и дресура на службени кучиња. Сите овие активности се по повод Денот на Командата на обука и доктрини -15 Април. Одговорни за настанот: проф. Златко Гуцев и училишен педагог Билјана Коџабашиева.

    Прочитај повеќе
  • 11.04.2025 - Админ

    На 10 април 2025 година, во хотел „Гарденија“ – Велес, се одржа Регионалниот натпревар за најдобра ученичка компанија во организација на Џуниор Ачивмент Македонија. Нашето училиште учествуваше со три компании: 🔹 „Eco Connect“ – веб-платформа и апликација за еколошка свест, 🔹 „Playful Pages“ – сликовници и едукативни игри, 🔹 „Crafty-JT“ – игра за учење англиски јазик. Секоја компанија се претстави со презентација и свој производ, а „Playful Pages“ обезбеди пласман на Националниот натпревар со сликовницата „Стари детски игри“. 🎉 Честитки за успехот и среќно понатаму!

    Прочитај повеќе
  • 11.04.2025 - Админ

    На 09.04.2025 година, во рамки на проектот за унапредување на мултикултурализмот и меѓуетничката интеграција, нашите ученици од I и II година, под менторство на професори и педагог, реализираа едукативна посета на повеќе културни и верски објекти во Скопје. Посетени беа Природно-научниот музеј, Соборниот храм, Археолошкиот музеј и Мустафа-пашината џамија. Денот помина во духот на дружење, почитување и учење преку забава. Голема благодарност до Министерството за образование и наука за поддршката!

    Прочитај повеќе
  • 11.04.2025 - Админ

    Нашето училиште наскоро добива нов лик! Во ОСУ „Јовче Тесличков“ се одвиваат градежни активности за реконструкција на фасадата на училишната зграда. Се поставуваат термоизолациони панели кои ќе придонесат за подобра енергетска ефикасност и покомфорни услови за работа и учење. Со оваа промена, училиштето ќе добие современ изглед, а учениците и наставниците – потопли и попријатни училници во зима, и посвежи простории во лето. Овој проект е дел од поширокиот процес на унапредување на образовната инфраструктура во нашиот град. Поубав Велес станува реалност – почнуваме од нашето училиште!

    Прочитај повеќе
  • 10.04.2025 - Админ

    Нашите ученички Марија Нојкова и Теа Стојанова, под менторство на проф. Жаклина Зафирчева, учествуваа во промоцијата, читајќи поезија од почитуваниот автор Божидар Јовиќ.

    Прочитај повеќе
  • 07.04.2025 - Админ

    Среќни и мирни пензионерски денови и посакуваме на нашата колешка Снежа Петрушевска. И посакуваме во здравје и среќа долго да ја користи пензијата.

    Прочитај повеќе
  • 01.04.2025 - Админ

    Нашите ученици Сара Спасева, Дамјан Кимов, Меланија Андова и Кристијан Ѓошов, изминатата недела беа дел едукативниот настан Electionville – игра на под, која ги приближува основните концепти на демократијата и локалното управување преку интерактивна симулација. 🗳️🏙️ Овој настан го организраа🇪🇺 Europe House Veles заедно со Embassy of Sweden in Skopjе........

    Прочитај повеќе
  • 28.03.2025 - Админ

    Денес во нашето училиште се реализираше работилница за менторство и кариерно советување. Проектот го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Мрежата Стела. Групните менторски сесии наменети за ученички во средните училишта имаат цел да ги мотивираат во градење на нивниот академски и професионален развој. Оваа сесија понуди можност за разбирање на концептот на менторство, неговата важност и позитивното влијание на иднината.

    Прочитај повеќе
  • 28.03.2025 - Админ

    🎓 Нашите ученици од ОСУ „Јовче Тесличков“ беа дел од практична работилница во @creativehubmacedonia на тема Meta Ads! 💻 Се учеше преку работа: таргетирање, креирање кампањи, визуелизација, буџетирање и анализа на резултати. 📸 Мотивирани, креативни и фокусирани – вистински дигитални маркетери! 🏅 Завршивме со сертификати, насмевки и нови вештини.

    Прочитај повеќе
  • 15.03.2025 - Админ

    Денес, 15.03.2025 год., на општинскиот натпревар по Англиски јазик организиран од ЕЛТАМ, нашите ученици Викториа Јовановска од I година, Марија Ќириќ од III година и Марија Ивановска од III година освоија трета награда и се пласираа за учество на регионален натпревар. Ученичката Јована Димковска од прва година доби пофалница за учество. Ментори беа професорките по Англиски јазик Рената Софијанова Николова и Марија Левкова Куновска. Честитки на сите наши ученици за вложениот труд и многу успеси понатаму

    Прочитај повеќе
  • 14.03.2025 - Админ

    По повод Меѓународниот „Пи Ден“ – 14 март, учениците од Училишната Маркетинг Агенција Ана Тодорова и Емили Петрова организираа математичко-логички квиз. Квизот имаше едукативна цел, развивање тимска работа и дружење меѓу учениците. Комисијата, составена од Симона Ѓорѓиева, Ивана Василева и Сара Вељановска, ги прогласи победниците. Честитки до сите учесници и големо браво за победничкиот тим, Јована Димковска и Александра Станојковиќ! ❣️СРЕЌЕН ПИ ДЕН! ❣️

    Прочитај повеќе
  • 11.03.2025 - Админ

    Учениците од III-A клас остварија едукативна посета во Централниот регистар, каде се запознаа со процесот на регистрација на трговско друштво и основните чекори за основање бизнис. Претставникот на регистарот ги информираше за типовите на трговски друштва, потребната документација и законските обврски. Учениците имаа можност да поставуваат прашања и да добијат практични насоки за идните претприемнички активности. Оваа посета беше важен практичен искуство што ги поврза теоретските знаења со реалните процеси во деловниот свет.

    Прочитај повеќе
  • 11.03.2025 - Админ

    📢На регионалниот натпревар по географија нашата ученичка Марија Нојкова се пласираше на државниот натпревар по географија. 🌏🌍 Ментор: проф. Методија Бузалковски. Честитки!

    Прочитај повеќе
  • 08.03.2025 - Админ

    Денес го прославуваме 8 Март - Меѓународниот ден на жената на малку поинаков начин. Под мотото ,,Поттикни акција", денес се одржа осмомартовски марш на кој учествуваа ученици од сите средни училишта од Општина Велес. Овој марш е само потсетник за тоа како жените го менуваат светот на многу начини, од кршење на бариерите во полиња во кои традиционално доминираат мажи, до застапување за родова еднаквост и социјална правда.🌹

    Прочитај повеќе
  • 07.03.2025 - Админ

    На литературниот конкурс распишан од Локална библиотека ,,Гоце Делчев" Велес и Клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин" Велес, нашата ученичка Марија Бошевска, под менторство на проф. Жаклина Зафирчева, го освои второто место. 🥈📜Конкурсот беше распишан по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, на тема ,,Силата на мајчиното срце".🌹 Честитки! 👏👏👏

    Прочитај повеќе
  • 03.03.2025 - Админ

    Денес, 03 март 2025 година, втора група ученици од прва година од ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес го посетија Државниот архив на РС Македонија, одделение Велес. Тие се запознаа со процесот на чување, заштита и користење на архивскиот материјал како значајно културно наследство. Упатуваме голема благодарност до вработените во оваа институција кои на високо професионален начин ја доближија нивната работа до учениците и ја објаснија важноста на зачувувањето на културното наследство и документите од трајна вредност.

    Прочитај повеќе
  • 28.02.2025 - Админ

    Денес нашите ученици организираа обука на тема ,,Учиме, учествуваме, влијаеме". Оваа обука е завршен настан на проектот ,,Кога учениците одлучуваат" организиран и релизиран од организацијата LEAD. Учениците одлично се снајдоа во улога на обучувачи и преку претходно испланирани активности го пренесоа знаењето на присутните средношколци.

    Прочитај повеќе
  • 26.02.2025 - Админ

    Учество на ученици од III и IV година на Економската Олимпијада 2025 година.

    Прочитај повеќе
  • 24.02.2025 - Админ

    На ден 24.02.2025 учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес го посетија Државниот архив на РС Македонија, одделение Велес, кадешто се запознаа со процесот на чување, заштита и користење на архивскиот материјал како значајно културно наследство.

    Прочитај повеќе
  • 21.02.2025 - Админ

    Нашите ученици Меланија Андова, Александра Кочевска, Елиф Демир и Дамјан Кимовски учествуваа на настанот по повод Денот на мајчиниот јазик.

    Прочитај повеќе
  • 20.02.2025 - Админ

    Денес, во рамки на проектот,,Промоција на безбедна училишна средина" се одржа работилница под наслов ,,Дизајнерско размислување за решавање предизвици во училиштето" на која учествуваше Училишниот тим составен од учениците: Марко Варналиев, Александра Станојковиќ, Давид Димитриев, Елена Петрова, Јована Димковска, училишниот педагог Билјана Коџабашиева и професорите Радмила Андовска и Милка Петровски.

    Прочитај повеќе
  • 17.02.2025 - Админ

    Денес, во нашето училиште гости беа претставници од Министерството за одбрана и Воената академија, професионални војници и офецери на АРМ.Тие одржаа предавање на тема ,,Популаризација на Армијата” на кое ги информираа учениците за професијата војник, за условите за прием во службата, нивните обврски и придобивки. Предавањето се реализираше со ученици од завршните години.

    Прочитај повеќе
  • 14.02.2025 - Админ

    НИЕ МИСЛИМЕ И ЗА ВАШАТА ИДНИНА !!! Кариерното советување е од особена важност за средношколците. Токму затоа, со одобрение на МОН и БРО денес во нашето училиште се реализираше работилница за кариерно советување. За време на работилницата средношколците се запознаа со тоа што е кариера, како се планира, колку долго трае, што се кариерни цели и што треба да се направи за тие да се исполнат. Оваа програма се спроведува со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

    Прочитај повеќе
  • 14.02.2025 - Админ

    Денес, ученици од 1- а клас од нашето училиште, беа учесници на Дебатата по повод 14 Февруари. Настанот се одржа во просториите на Eвропската куќа, во организација на Младинскиот центар и Skill up академијата, по повод Денот на вљубените

    Прочитај повеќе
  • 14.02.2025 - Админ

    Расположението за Св. Валентин беше одлично! Учениците се забавуваа со квизови и игри, создавајќи супер атмосфера. 💕 Денот беше исполнет со позитивни емоции и дружење, а квизот и играта ги зближија учениците и ги поттикнаа да работат заедно. 💖💞

    Прочитај повеќе
  • 13.02.2025 - Админ

    Во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ - Велес се одбележа Св. Валентајн. Поезија и афоризми за виното и љубовта читаа велешки поети и ученици - средношколци. Дел од настанот беа нашите ученички Марија Бошевска и Марија Нојкова и проф. Жаклина Зафирчева.🍷💞

    Прочитај повеќе
  • 13.02.2025 - Админ

    Да го одбележиме Денот на вљубените!

    Прочитај повеќе
  • 06.02.2025 - Админ

    📣Нашата ученичка Марија Нојкова од 2 б клас на Општинскиот натпревар по географија освои максимални 100 поени и се пласира на Регионалниот натпревар. 🌏 Ментор: проф. Методија Бузалковски. Честитки и многу успех на понатамошните натпревари! 👏👏👏

    Прочитај повеќе
  • 20.01.2025 - Админ

    За среќен почеток на второто полугодие и среќни новогодишни празници, Ученичката заедница на ОСУ ,,Јовче Тесличков“ организираше ученичка забава во холот на училиштето!🎉🍀🎶

    Прочитај повеќе
  • 19.01.2025 - Админ

    Почитувани ученици!!! Второто полугодие од учебната 2024/2025 година започнува на 20.01.2025 година (понеделник) во 7.15 часот. Ве очекуваме и заеднички продолжуваме да чекориме кон успесите! Среќно!!!

    Прочитај повеќе
  • 27.12.2024 - Админ

    Во пресрет на новогодишните празници, денес во просториите на нашето училиште се одржа предавање на тема ,,Штетност и последици од употреба на пиротехнички материјали”. Учениците беа запознати со сите опасни последици и можни повреди при употреба на пиротехнички материјали. Предавачи беа преставници од Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија-Скопје и МВР-Велес.

    Прочитај повеќе
  • 27.12.2024 - Админ

    На вчерашната Новогодишна свеченост, Општина Велес им ги додели стипендиите на најталентираните ученици и студенти за учебната 2024/2025 година, меѓу кои се најдоа и нашите ученички Марија Ќириќ од 3а клас и Ана Тодорова од 4а клас. И годинава донатори на стипендии се Агриа, агроиндустриска групација Велес, Жито Маркети Велес и Општина Велес. Им честитаме и им посакуваме уште многу други успеси во иднина.

    Прочитај повеќе
  • 27.12.2024 - Админ

    Во период од 23-26.12. 2024 г. во нашето училиште се одржаа две симулации како активности предвидени со проектот ,,Кога учениците одлучуваат". Овој проект го имплементира здружението ЛЕАД со финансиска поддршка од Совет на Европа преку Европска младинска фондација.

    Прочитај повеќе
  • 24.12.2024 - Админ

    Денес, нашите ученици беа во посета на Собранието на РМ каде се запознаа со историјатот, надлежностите и просториите во кои работат народните избраници. Одговорни професори : Суат Усејнов Милка Петровски

    Прочитај повеќе